|
Netys RT е нова фамилија на едно фазни UPS-и на SOCOMEC UPS.
Netys RT е модерен систем за непрекинато напојување на малите и големите информатички системи.
Широкиот опсег на моќности, од 1.1kVA до 11kVA , обезбедува Netys RT да ги задоволи потребите на сите центри за автоматска обработка на податоци кои бараат високо квалитетно непрекинато напојување.
Со своите компактни димензии е атрактивен поради ниските трошоци за сместување и задоволувањето на еколошките барања. Netys RT нуди една од најголемите густини на моќност на пазарот (4.4W/cm3 за 11kVA/8kW по модул).
Netys RT лесно се инсталира во Rack ормар или како самостоен, во било кое време корисникот може самиот да го промени начинот на исталација. Многу е едноставен за користење. SOCOMEC UPS ги задоволува секојдневните потреби на корисниците на системи за непрекинато напојување и затоа не е потребно посебно конфигурирање за првото вклучување на UPS-те.
Широкиот опсег на протоколи за комуникација, вклучувајќи TCP/IP и SNMP, овозможува лесна интеграција во било кој систем. USB приклучокот и HID протоколот овозможуваат директно приклучување на системите под Windows без потреба од дополнителен специјализиран софтвер.
Netys RT е решение за безбедно, високо квалитетно, напојување каде што системите бараат првокласно и сигурно напојување а прекините и нарушувањата треба да се избегнат по секоја цена. Со вистинската on line технологија со двојна конверзија гарантиран е континуитетот и квалитетот на електричната енергија за професионални информатички и комуникациски уреди
UPS - Netys RT системите ќе се појават на македонскиот пазар во текот на месец јуни 2009 година. Кликнете овде за детални информации и технички карактеристики.
|